|
23.07.2009. |
|
Е-Маил и интернет маркетинг
E-mail маркетингот е се повеке прифатен кај нас. Секојдневно добиваме на маил реклами од фирми кои ни ги нудат своите производи или услуги директно нам. Овој начин на маркетинг се покажа доста ефикасен, бидејќи повеќето од потрошувачите реагираат на ова. Добивате маил на којшто ви е објаснето се што треба да знаете за одредениот производ или услуга. А што е најважно тоа се однесува директно на Вас.Провајдерите на е-маил сервисите добро ја завршија работата околу стандардизацијата за добивање на повратен мајл за примена порака и со тоа се усоврши испораката на овие е-мејл пораки.
Сето ова создава одлични услови за развивање на емаил маркетингот, иако компаниите мора да работат повеќе за да останат во добри односи со своите потенцијални потрошувачи. Ова азначи дека доколку имате изработено брошура или флаер, не треба само да го скенирате и пратите. Добро осмислен е-маил маркетинг дава одлични резултати. Секоја реклама мора да се прилагоди на каналот којшто се користи за рекламирање. Одредени истражувања покажуваат дека во следните 5 години буџетот којшто се одвојува за е-мејл маркетинг двојно ќе се зголеми. Предвидувањата на почетокот беа дека е-маил маркетингот ќе се зголемува многу бавно, почнувајќи со newsletters којшто ги добивате доколку се зачлените на некоја интернет страна.
Пресметката за испракање на еден маил на потенцијален потрошувач вклучува плаќање на провајдерот за е-маил услугата, откуп на база на маилови, и изработка на самата порака. Е-маил маркетингот е ефективен, но трошоците околу него не се големи и мислењето на повеќето компании е дека доколку е ефтин и нема потреба да се трошат на овој тип на рекламирање. Трошоците околу е-маил маркетингот се мали и дури зголемувањето на базата на маилови не се одразува на буџетот.
|
|
Последно ажурирање ( 4.08.2011. )
|
|
Прочитај повеќе...
|